Фудбалерите на Баерн Минхен се сложија за намалување на платите додека трае пандемијата на коронавирусот, пренесуваат германските медиуми. Раководството на клубот побара од нив да бидат солидарни и да се сложат на намалување од 20%, а со тоа ќе им помогнат на останатите вработени во клубот чии плати исто така треба редовно да бидат подмирени.
Членовите на баварскиот тим се активно вклучени и со донации за помош во борбата против Covid-19. Роберт Левандовски донираше еден милион евра, а фонд за донирање осниваа и Леон Горецка и Џошуа Кимих, кои заеднички собраа дополнителни еден милион евра. Минатата седмица, фудбалерите на Борусија Менхенгладбах први во Германија понудија да се откажат од платите во текот на борбата со коронавирусот, а и членовите на Борусија Дортмунд денеска исто така се сложиле на помала заработка во текот на кризата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА