Фудбалерите на Барселона се против доаѓањето на Антоан Гризман, бидејќи не можат да му простат за тоа што Французинот минатото лето го одби каталонскиот гигант, пренесуваат медиумите на Пиринеите.
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, сака да премине во Барселона, но трансферот на Французинот може да биде стопиран токму поради негативниот став на фудбалерите на Барселона.
Минатото лето францускиот ас беше на чекор до „Камп Ноу“, но сепак на крајот се премисли и го продолжи договорот со Атлетико Мадрид до 2021 година. Откупната клаузула на Гризман изнесува 120 милиони евра, а по елиминацијата од Јувентус во Лигата на шампионите, тој повторно го менува мислењето и сака да игра во клуб што ќе се бори за сите трофеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА