Финалето во баражот помеѓу Босна и Херцеговина и Италија привлече големо внимание низ цела Европа, а натпреварот на Билино поле нема да помине незабележано дури ни меѓу најголемите спортски имиња.
Новак Ѓоковиќ ќе биде меѓу оние кои ќе го гледаат натпреварот помеѓу „змејовите“ и „аѕурите“ од трибините, што е потврдено од Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина.
Најодликуваниот тенисер во историјата веќе јасно стави до знаење за кого навива. По големата победа на Босна и Херцеговина против Велс, Ѓоковиќ сподели фотографија од Един Џеко на социјалните мрежи со пораката: „Браво Един, браво БиХ“.
Присуството на Ѓоковиќ на Билино поле сигурно ќе ја подигне атмосферата и ќе и даде дополнителен поттик на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

