Фудбалерите на Челси се најдоа на мета на критичарите по натпреварот со Хал во ФА Купот.
Имено, на социјалните мрежи Челси објави видео од влезот на фудбалерите на стадионот. Тие беа пречекани од страна на млади деца и дел од персоналот на домаќините.
Фановите приметија дека само еден од фудбалерите се поздрави со присутните во собата. Тоа беше Лијам Делап кој и настапуваше за Хал со сезоната 2023/24.
Игнорирањето на домаќините наиде на остра критика за односот на ѕвездите на Челси.
Arriving in Hull. 👋#CFC | #EmiratesFACup pic.twitter.com/xY367NS9qR
— Chelsea FC (@ChelseaFC) February 13, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

