Манчестер јунајед, во уште едно катастрофално издание, вчера загуби од Сити во Премиер лигата со 2-0. Легендата на „црвените ѓаволи“, Рој Кин беше саркастичен по мечот не штедејќи зборови против Пол Погба, притоа откривајќи детали од соблекувалната на тимот.
„Погба и соиграчите беа толку лути еден на друг по натпреварот што јасно е дека имаше жестока расправија, а мислам дека се гаѓаа и со разни предмети. Нема никаква дисциплина во соблекувалната“ – истакна Кин.
Навивачите на Јунајтед посакуваат токму Кин да се врати во тимот како би вовел ред и дисциплина која и тоа како недостасува, а Солскјер очигледно тоа не може да го промени.
По синоќешниот пораз Манчестер јунајтед значително ги намали шансите за пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Сега зад четвртопласираниот Челси заостанува три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА