Фудбалерите на Јувентус вечерва се појавија на центарот на стадионот каде што требаше да се сретнат со Наполи во италијанската Серија А. Од претходно се знае дека Наполи нема дозвола за патување од локалните власти, кои стравуваат од ширење на коронавирусот во ситуација кога во претходните 24 часа позитивни беа двајца фудбалери на „наполитанците“, Пјотр Зиелински и нашиот Елиф Елмас.
Пропозициите налагаат екипите да мора да играат натпревар доколку имаат 13 здрави фудбалери, во спротивно мечот ќе го загубат службено, но во нив никаде не е наведена варијанта доколку станува збор за забрана за патување од локалните власти.
Се уште не се знае дали победата службено ќе му биде врачена на италијанскиот шампион како што наведуваат правилата, или сепак на крајот мечот ќе се одигра во некој друг термин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА