Фудбалерите на англискиот премиерлигаш Лестер со неверување ја примија веста за урнатиот хеликоптер на сопственикот на клубот, Вишаи Шривадханапрабха. Непосредно по завршувањето на натпреварот, тој заедно дел од семејството замина со хеликоптерот, но леталото се урна во паркот, непосредно до стадионот „Кинг Пауер“. Огромни пламени јазици го опкружија стадионот, а на местото на несреќата се уште интервенираат противпожарни и амбулантни возила.
Фудбалерите се во шок и се молат да не е најлошото…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА