Фудбалерите на Ливерпул ќе добијат позлатени „Ајфони“ за освојувањето на ЛШ (ФОТО)

Ливерпул ја освои шестата титула во Лигата на шампионите, откако во големото финале кое се играше на „Ванда метрополитано“ во Мадрид, го совлада Тотенхем со 2-0. Фудбалерите на „црвените“ од „Енфилд“ за освојувањето на шестиот трофеј во елитното натпреварување ќе добијат подарок ајфони, кои ќе бидат позлатени со 24 каратно злато. На телефоните е запишано името на Јирген Клоп и на секој од дваесет и седумте фудбалери, како и бројот на дресот кој го носи. Во горниот дел е изгравиран трофејот од Лигата на шампионите, а во долниот дел официјалното лого на натпреварувањето.

 

Се вчитува...