Манчестер Јунајтед се подготвува за нова промена на тренерската позиција која досега ја извршуваше Ерик тен Хаг. Истата ќе ја наследи Рубен Аморин кој ќе се приклучи на клубот од 11. ноември кога започнува двонеделната репрезентативна пауза.
А, пак фудбалерите на Манчестер Јунајтед посакуваат сега повремениот тренер Руд ван Нистелрој да остане во стручниот штаб и под новиот тренер, пренесуваат англиските медиуми.
Ван Нистелрој се врати во Манчестер Јунајтед на почетокот на сезоната како помошен тренер, а ги воодушеви и навивачите со страста која ја покажа како повремен тренер во победата над Лестер и ремито со Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА