Фудбалерите на Мароко со шест „парчиња“ во мрежата на Египет до бронза

Фудбалската репрезентација на Мароко, го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Париз, откако во мечот за бронзата го прегази Египет со 6-0.

Ова е прв медал за Мароко во овој спорт, а само втор на Олимписките игри во Париз, по златото на атлетичарката Софијан Ел Бакали на 3.000 метри со пречки.

Селекцијата на Египет, која вторпат се бори за бронза на ОИ (губеше во 1928 година од Италија со 11:3), во првиот дел не беше толку лош противник, но Мароканците постигнаа два гола за три минути и го свртеа натпреварот. 

Одличниот Абде Езалзуи го чекираше голманот Хамза Але од работ на шеснаесетникот во 23. минута, а само три минути подоцна му асистираше на Софијан Рахими за седмиот гол на турнирот, со што беше убедливо најдобар стрелец.

Кога Ел Канус во 51. минута го постигна третиот гол за Мароканците, ривалот од Египет се предаде, Рахими во 64. со осмиот гол на ОИ и Накач во 73. минута ја разубавија забавата на навивачите на трибините.

Капитенот Ашраф Хакими постигна гол од слободен удар во 87. минута и така по полуфиналето на Светското првенство во Катар го доби и бронзениот олимписки медал во Париз.

Се вчитува...