Голманот на Милан, Мајк Мењан, изјави дека „целосно се согласува“ со својот соиграч од француската репрезентација, Адриен Рабио, и дека не ја разбира одлуката натпреварот на неговиот клуб против Комо во италијанското првенство да се игра во Австралија.
„Целосно се согласувам со Рабио. Денеска, многу се заборава, а премногу се размислува за финансискиот аспект. Не разбирам зошто ќе го играме натпреварот од италијанското првенство во странство. Освен тоа, требаше да биде домашен натпревар, па затоа ја губиме предноста на домашниот терен. Нашите цели се високи и не смееме ништо да оставиме на случајност“, рече Мењан.
Во интервју за весникот Фигаро објавено на 7 октомври, Рабио го нарече патувањето на својот клуб во Перт, каде што ќе играат против Комо во 24-то коло од италијанската Серија А, „апсолутно лудо“.
Неговата изјава предизвика остра реакција од претседателот на италијанската фудбалска лига, Луиџи Де Черве.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

