Фудбалерите на Охрид „просеа девојка“ на полувремето од езерското дерби (ФОТО)

Фудбалерите на Охрид беа вклучени во акција за „просење девојка“ на полувремето од езерското дерби против Караорман во 8. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Еден од најверните навивачи на охриѓани се одлучи на фудбалскиот натпревар да ја запроси својата девојка Александра, а за тоа му помогнаа и фудбалерите на клубот.

На крајот Александра кажа ДА, а сето тоа и навивачите на охриѓани „Рибарите“ го прославија со пиротехничко шоу. За да биде славјето поголемо Охрид на полувреме имаше и предност од 1-0 против Караорман.

ФОТО: www.ohridnews.com

Се вчитува...