Шокантно слабиот почеток на новата сезона за Партизан донесе немили сцени на синоќешниот натпревар во Белград каде „црно-белите“ беа елиминирани од квалификациите за Лигата на Европа од тимот на АЕК Ларнака.
По завршување на натпреварот, „Гробари“ не им дозволија на фудбалерите да се упатат кон соблекувалната, побараа од своите миленци да пеат песни против управата и да бараат смена на дел од директорите во клубот, а ги натераа и да го соблечат горниот дел од дресот.
Но, и покрај немилите сцени фудбалерите на белградскиот тим демантираа пишувањата во медиумите велејќи дека тоа е само една хајка за нарушување на атмосферата во тимот.
„По повод пишувањето на одредени медиуми за наводното малтретирање на играчите на Партизан од страна на навивачите од јужната трибина и насилото соблекување на дресовите, сакаме да ја известиме јавноста дека тоа е лага и дека немаше насилно однесување спрема играчите, ниту насилно соблекување на дресовите. Со овие написи се покажува јасната желба и мотивот да се наруши атмосферата во клубот“, стои во соопштение потпишано од капитенот Урошевиќ и неговата „десна рака“ Стевановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА