Фудбалерите на ПСЖ во „клинч“ со спортскиот директор?

Како доажа времето за пресметката помеѓу ПСЖ и Баерн Минхен во Лигата на шампионите, се погласни се шпекулациите за хаос во соблекувалната на францускиот првак. Покрај кадровски проблеми, сега ПСЖ има проблеми и со оние фудбалери кои се здрави.

„Екип“ пренесува дека после поразот од Монако, неколку фудбалери вербално се расправале со спортскиот директор Луис Кампос.

ПСЖ е во разочарувачка форма, со оглед дека претходно загуби од Олимпик Марсеј и испадна од Купот, а сега поразен и во првенството.

Францускиот медиум пишува дека дошло до бурна расправија помеѓу поедини играчи и спортскиот директор, кој наводно ги критикувал фудбалерите поради неагресивност.

Дополнителни сомневања за „клинч“ во соблекувалната придонеле и Кимпембе и Мбапе кои се огласиле на „Твитер“.

„Најважно е да останеме единствени. И покрај се што се случува и што си кажуваме едни на други“, напиша Кимпембе.

„Најважно е да останеме силни и единствени“, напиша Мбапе.

Тоа ќе биде последна шанса за Кристоф Галтие да ја „спаси“ својата позиција. Веќе се шпекулира со некои имиња кои би можеле да седнат на клупата на ПСЖ, меѓу нив се споменува Зинедин Зидан.

Се вчитува...