Вечерва се игра најголемото дерби во 1/8 финалињата во Лигата на шампионите, дуелот меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, што е реприза на минатогодишното финале. Гостувањето на „кралевите“ во Ливерпул, го искористија навивачите на „црвените“ за „мала одмазда“.
Фановите на Ливерпул им приредија „огнен“ дочек на европските прваци со тоа што во 2 часот наутро во близина на хотелот запалија голем и бучен огномет.
Јасно е дека тоа е направено со цел да им го прекинат одморот на фудбалерите на Реал Мадрид, и да ги пореметат пред вечерашниот натпревар. Дали ќе успеат во тоа, останува да се види. Низ историјата се покажало дека главно не минуваат добро оние кои не им даваат мир на гостинските играчи.
💥 ÚLTIMA HORA | Así está a esta hora el hotel del @RealMadrid en Liverpool
🔥 Numerosos fuegos artificiales a las 2:00h de la madrugada
📻 #PartidazoCOPE pic.twitter.com/41yhWTimiY
— El Partidazo de COPE (@partidazocope) February 21, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

