Фудбалерите на Реал Мадрид го прекинаа молкот: Ќе се издигнеме одново, ние сме најголемиот клуб

Фудбалерите на Реал Мадрид не беа расположени да говорат пред медиумите по убедливиот пораз од Барселона на „Сантијаго Бернабеу“ во првото „Ел класико“ во сезоната, но се огласија преку социјалните мрежи со охрабрувачки пораки.

По објавата на капитенот Модриќ која брзо собра милион допаѓања се огласи и Фредерико Валверде кој порача дека Реал Мадрид ќе се издигне одново.

„Одново ќе се издигнеме. Бидејќи ние сме Реал Мадрид. Тоа е запишано во нашата историја“, напиша Валверде.

Порака сподели и Винисиус Џуниор.

„Ќе се вратиме како и секогаш. Ние сме најголемиот клуб како што и знаете“, напиша Бразилецот.

Се вчитува...