Фудбалерите на македонскиот фудбалски шампион Шкендија стигнаа во Баку каде во вторник ќе му гостуваат на Карабах во реванш натпреварот од двомечот од 3. коло од квалификациите во Лигата на шампионите.
Иако во првиот меч одигран во Скопје, шампионот на Азербејџан славеше со минимални 0-1, избраниците на Јетон Беќири и тоа како имаат шанси да го изненадат фаворитот.
Второто полувреме од првиот натпревар треба да биде мотив за уште од првата минута да се тргне максимално на дуелот во вторник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

