Фудбалерите на македонскиот шампион Струга Трим Лум отпатуваа за Словачка, каде утре од 19 часот ќе му гостуваат на Слован Братислава во првиот натпревар од воведното квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Иако словачкиот шампион е главен фаворит на овој натпревар, од македонскиот шампион влегуваат во него со самодоверба, велејќи дека ќе направат се што е во нивна моќ да го изненадат големиот фаворит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА