Фудбалерите останаа на 77. место и на најновата ранг-листа на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација се задржа на 77. позиција и на најновата ранг-листа што денеска беше објавена од страна на ФИФА.

Со оглед на фактот дека во изминатите триесетина дена не беа играни натпревари, не дојде до посериозни промени не само кај нашиот национален тим, туку и кај поголемиот дел од селекциите. Пред Македонија се уште се наоѓаат Кина, Уганда, Киргиз и Сирија, а зад „црвено-жолтите“ се селекциите на Замбија, Белорусија, Канада, Обединетите Арапски Емирати…

Нема промени ниту на врвот од најновата листа, па на првата позиција се уште се наоѓа Германија, а место во Топ 10 има уште и за националните селекции на Бразил, Белгија, Португалија, Аргентина, Швајцарија, Франција, Шпанија, Чиле и Полска.

Се вчитува...