Фудбалерите се собраа – заедничка желба е успешен старт на Лигата на Нации (фотогалерија)

Македонските репрезентативци денеска го имаа првиот собир во пресрет на двомечот од стартот на Лигата на Нации и претстојните пресметки со Фарските Острови (7 септември) и Ерменија (10 септември).

Селекторот Милевски од почеток ќе ги има на располагање речиси сите фудбалери, со исклучок на голманот Шишковски кој утре ќе се приклучи на националниот тим. Атмосферата во таборот е одлична, а заедничка желба на сите е успешен старт на Лигата на Нации…

Репрезентацијата в четврток заминува за Фарските Острови, каде в сабота на гостински терен со почеток во 15 часот ќе го почне настапот во новото издание на ова натпреварување…

Се вчитува...