Фудбалската репрезентација на Македонија забележа скок од шест места на најновото рангирање на ФИФА. „Црвено-жолтите“, кои немаа активности изминатиот месец, во јуни се рангирани на 71.позиција на ранкингот на Светската фудбалска федерација.
Од нашите ривали во Лигата на нации, селекцијата на Ерменија е рангирана на 100.место на ФИФА-листата, додека Лихтенштајн е на 180.позиција. Најслаборангиран ривал ќе ни биде Гибралтар, кој се наоѓа на 195.место.
На врвот, нема никакви промени во пресрет на почетокот на Светското првенство во Русија. Прворангирана репрезентација е Германија, на втората позиција се наоѓа Бразил, а третопласирана е Белгија. Потоа следуваат Португалија, Аргентина, Швајцарија, Франција, Полска, Чиле и Шпанија меѓу првите десет селекции во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА