Македонските фудбалски репрезентативци вечерва го одработија последниот тренинг пред утрешниот дуел со Велс, што може да биде многу значаен за конечната разврска во нашата група.
Противникот е квалитетен, но во нашиот табор постои оптимизам и максимална мотивираност, во овие тешки моменти за целата нација, да се даде се од себе и да се донесе радост.
Навивачите се мобилизирани, најавено е присуство на над 20.000 македонски фанови, а селекторот Милевски и неговите избраници се подготвени за битка, нема сомнеж дека фудбалерите ќе го остават срцето на терен, со надеж дека тоа ќе биде доволно за три бода и голема победа над островскиот ривал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА