Фудбалерите стигнаа во Ереван: Со рецептот од Рига до печат на првото место (фото)

ЕКИПА во Ереван,

Владимир Булатовиќ

Македонската фудбалска репрезентација по неколкучасовниот лет пристигна во Ереван, каде в недела ќе излезе на мегдан со националната селекција на Ерменија.

Атмосферата во нашиот табор е на највисоко ниво, а триумфот во Рига над Летонија само ги потврди квалитетите на нашата национална селекција во оваа Ц дивизија од Лигата на Нации.

Желбата на сите е повеќе од јасна – со издание слично на она вчерашното во Рига да се слави и над Ерменците, со што ќе биде ставен печат на првото место во групата, што ќе значи и преселба во Б-дивизијата. Македонија дефинитивно има квалитет за такво нешто…

Се вчитува...