Атмосферата по триумфот во Хаифа е одлична, а најдобрите македонски фудбалери веќе се одомаќинија во Струмица, градот на капитенот Горан Пандев, кој беше и стрелец на победничкиот погодок против Израел. Сега мислите се веќе насочени кон следниот предизвик, утрешниот квалификациски дуел против Албанија. Желбите се јасни, да се земе и албанскиот скалп во серија.
Селекторот Игор Ангеловски веќе им „сервираше“ полесен тренинг на фудбалерите, за да ја почувствуваат атмосферата на стадионот „Младост“, кој за оваа посебна прилика е разубавен во ново руво. Полека се подготвува и стратегијата за утрешното ново искушение. Завршните подготовки ќе следат во овие два дена, до утревечер, во 20.45 часот, кога ќе започне дуелот против Албанците.
Фото: www.kanalvis.com
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА