Македонската фудбалска репрезентација веќе втор ден е во Анталија, каде ќе одигра два контролни натпревари против Молдавија и против Црна Гора.
Денеска на репрезентативците се очекува да им се приклучат голманот Столе Димитриевски и дефанзивецот Бојан Димоски.
Во добра атмосфера беше одработен денешниот утрински тренинг. Македонија на 22. март ќе го одигра мечот против Молдавија, додека дуелот со Црна Гора е закажан за 25. март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА