Фудбалерка на Нигерија го соблече дресот по голем пресверт пред 50 илјади противнички навивачи (ВИДЕО)

Женската фудбалска репрезентација на Нигерија направи големо изненадување на Светското првенство откако пред 50 илјади навивачи на стадионот во Бризбејн славеше против фаворизираната Австралија со 2-3 и тоа по голем пресврт.

Австралијките имаа предност од 1-0 од првата минута во судиското продолжение во првото полувреме, но продолжението од натпреварот беше во знакот на Нигеријките кои до 72. минута успеаја да направат целосен пресврт и да поведат со 1-3.

Последниот гол беше дело на Асисат Ошоала која голот го прослави со соблекување на дресот што не е својствено за женскиот фудбал и досега се има случено само три пати на големите собири.

Се вчитува...