Фудбалерките денеска против Косово по прва победа во Лигата на нации

Македонската женска фудбалска репрезентација денеска од 13 часот на тренинг центар „Петар Милошевски“ во Скопје ја очекува дуелот против Косово во 2. коло од Групата 5 во Лигата на нации.

Натпревар за избраничките на Кирил Изов кој мора да се добие ако се посакува борба за пласман во повисок ранг на натпреварување во Лигата на нации.

Македонската женска репрезентација на воведниот меч од групата во Лига на нации во првото коло загуби минимално со 1-0 загуби од Бугарија на домашен терен.

Веќе во вторник, 31. октомври, Македонија ја очекува нов дуел со Косово на гостински терен.

 

Се вчитува...