Фудбалерките до 16 години ремизираа со Албанија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години ремизираше 1-1 против соодветната репрезентација на Албанија во пријателски натпревар.

Албанките поведоа со 1-0 со гол од пенал на Кејси Демирај во 14. минута. Конечните 1-1 ги постави Наневска во 59. минута.

Претходно овој месен нашите фудбалерки ремизираа и со Бугарија 1-1, додека славеа над Грузија со минимални 1-0.

Се вчитува...