Фудбалерките до 17 години ремизираа со Унгарија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години одигра реми 1-1 против домаќинот во последното коло од квалификацискиот турнир за Европското првенство кој се игра во Унгарија.

Унгарките поведоа со 1-0 со голот на Гегени во 39. минута. Конечните 1-1 ги постави Попески во 83. минута. Со овој бод Македонија заврши на второто место зад Унгарија во групата и сега ги очекува преостанатите квалификациски групи како би дознала дали ќе обезбеди пласман понатаму во квалификациите.

Се вчитува...