Фудбалерките до 17 години со „петарда“ против Молдавија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години на неверојатен начин го стартуваше настапот во квалификациите за Европското првеснтво.

На тренинг комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје нашите девојки славеа над Молдавија со убедливи 5-0.

Накова го постигна погодокот за 1-0 во 29. минута, а истата фудбалерка во 51. зголеми на 2-0. Попески само три минути подоцна зголеми на 3-0. 4-0 беше со погодокот на Величкова во 66. минута, додека Накова забележа и хет-трик во 77. минута поставувајќи ги конечните 5-0.

Се вчитува...