Фудбалерките до 17 години со победа над Азербејџан

Женската фудбалска репрезенација на Македонија до 17 години го совлада Азербејџан во вториот натпревар од квалификацискиот турнир во Албанија.

Анастасија Илиевски во 27. минута донесе водство од 1-0 на „црвено-жолтите“, додека до крајот на првиот дел со голот на Михаела Настоска нашите фудбалерки зголемија на 2-0. Конечните 3-0 беа дело на Слаѓана Ѓоргиевска.

За потсетување во првото коло Македонија загуби убедливо од Шкотска со 9-0, додека во последното коло ќе игра против Албанија. 

Се вчитува...