Фудбалерките до 19 години ја совладаа и Молдавија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години славеше и на вториот натпревар од квалификациите што се играат во Словенија во Б квалификациите за пласман на Европското првенство.

По победата над Лихтенштајн, вечерва „црвено-жолтите“ девојки беа подобри од Молдавија со 2-1. Македонија поведе со автоголот на Чирика во 4. минута, а до крајот на првиот дел Молдавките израмнија на 1-1 преку Колниќ во 19. минута.

Конечните 2-1 ги постави Сулејмани во 70. минута. Последниот натпревар Македонија ќе го одигра на 12. април против Словенија.

Се вчитува...