Фудбалерките до 19 години поразени од Норвешка

Женската репрезентација на Македонија до 19 години претрпе пораз од 3-0 против фаворизираната Норвешка во првото коло од квалификацискиот турнир за Европското првенство.

Норвежанките рано го отворија резултатот преку Џули Стен во 8. минута, предност која остана активна до паузата. На почетокот на вториот дел, Еле Улштајн зголеми на 2-0, а конечните 3-0 го постави Ана Малмин во 58. минута од мечот.

Избраничките на Македонија ќе ја бараат првата победа во вториот круг на 13 април, кога за противник ја имаат селекцијата на Шкотска.

 

Се вчитува...