Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години ремизираше со Ерменија 1-1 во натпревар од 2. коло од втората рунда во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025 година Лига Б.
Нашите фудбалерки поведоа со 1-0 со голот на Анастасија Илиевска во 63. минута од натпреварот. Конечните 1-1 ги постави Милена Сајадјан во 67. минута.
Во првото коло „црвено-жолтите“ девојки славеа над Литванија, а во последното коло се среќаваат со првопласираната Хрватска која има две победи во исто толку мечеви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА