Женската младинска репрезентација на Македонија до 19 години со убедливи 3-1 ја совлада селекцијата на Азербејџан во второто коло од квалификациите за Европското првенство.
атпреварот се одигра на комплексот на ФК Брера во Струмица. Македонките поведоа во раната фаза со убав гол на Калина Попески, фудбалерка на Црвена Звезда од Белград. Во 25. минута капитенката Галабовска од Тиверија реализираше пенал за 2-0. Азербејџан намали во 35. минута преку Јуругова, но „црвено-жолтите“ брзо возвратија, повторно преку Галабовска која во 49. минута со својот втор гол го потврди триумфот.
Со втората победа по ред (во првото коло беше 2-0 против Грузија), Македонија У19 се искачи на првата позиција во групата со максимални 6 бода. Денеска во Струмица се игра и преостанатиот меч од второто коло меѓу Словенија и Грузија. Следниот натпревар за нашите девојки е в среда против Словенија, каде победа би значела огромен чекор кон пласман во елитната рунда од квалификациите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

