Фудбалерките ги дознаа противниците во квалификациите за СП 2023

Европските квалификации за Светскиот ФИФА куп за жени во 2023 година започнуваат до крајот на годината во девет квалификациски групи. Во квалификациите за Светскиот куп ќе учествуваат рекордни 51 репрезентација, поделени во шест групи од шест тимови, три групи од пет селекции, а натпреварите ќе се играат од септември 2021 година до септември 2022 година.

Македонската женска репрезентација е во групата Д со селекциите на Англија, Австрија, Северна Ирска, Летонија и Луксембург. Победниците од деветте квалификациски групи ќе се пласираат директно на финалниот турнир во Австралија и Нов Зеланд. Второпласираните во групите учествуваат во плеј-оф кои ќе се игра во октомври 2022 година.

Група А: Шведска, Финска, Република Ирска, Словачка, Грузија

Група Б: Шпанија, Шкотска, Украина, Унгарија, Фарски Острови

Група Ц: Холандија, Исланд, Чешка, Белорусија, Кипар

Група Д: Англија, Австрија, Северна Ирска, Македонија, Летонија, Луксембург

Група Е: Данска, Русија, Босна и Херцеговина, Азербејџан, Малта, Црна Гора

Група Ф: Норвешка, Белгија, Полска, Албанија, Косово, Ерменија

Група Г: Италија, Швајцарија, Романија, Хрватска, Молдавија, Литванија

Група Х: Германија, Португалија, Србија, Израел, Турција, Бугарија

Група И: Франција, Велс, Словенија, Грција, Казахстан, Естонија

Квалификациска групна фаза:

13 – 21 септември 2021 година

18 – 26 октомври 2021 година

22 – 30 ноември 2021 година

4 – 12 април 2022 година

29 август – 6 септември 2022 година

Плеј-оф:

3 – 11 октомври 2022 година

Се вчитува...