Женската фудблска репрезентација на Македонија ги дозна противниците за квалификациите за ЕП 2025 во кое нашиот национален состав повторно ќе биде дел од Ц групите.
На денешната ждрепка, Македонија беше извлечена во иста група со селекциите на Словенија, Молдавија и на Летонија, ривали со кои нашата селекција ќе одигра по две средби во претстојниот период.
КВАЛИФИКАЦИИ
Двете првопласирани селекции од секоја група во Лигата А ќе обезбедат директен пласман на завршниот турнир заедно со домаќинот Швајцарија. Преостанатите седум патници на ЕУРО 2025 ќе го обезбедат своето место преку плеј-офот. Квалификациските натпревари ќе се играат од 3 до 9 април, потоа од 29 мај до 4 јуни и од 10 до 16 јули 2024 година. Ждрепката за плејофот ќе се одржи на 19 јули 2024 година.
ПЛЕЈ-ОФ
Третата и четвртата екипа од групите на Лига А ќе играат против петте победници и трите најдобри второпласирани во Лигата Ц. Најдобрите второпласирани екипи во Лигата Б ќе се соочат со двете преостанати второпласирани и четири третопласирани екипи.
ЛИГА НА НАЦИИ
Квалификациите ќе имаат влијание и на следната сезона од Лигата на нации, па победникот од групата во Лига Б ќе се промовира во Лига А, последнопласираната екипа од групата Б ќе испадне во Лига Ц, додека второпласираните и третопласираните екипи ќе останат во истиот ранг.
Европското првенство за жени се одржува од 2 до 27 јули 2025 година.
ЛИГА Ц
Група Ц1: Белорусија, Литванија, Кипар, Грузија
Група Ц2: Словенија, Летонија, Македонија, Молдавија
Група Ц3: Грција, Црна Гора, Андора, Фарски Острови
Група Ц4: Романија, Бугарија, Казахстан, Ерменија
Група Ц5: Албанија, Естонија, Луксембург
Почетокот на новото издание од Лигата на Нации во женска конкуренција е закажан за 3 до 9 април, а последните две рунди ќе се одиграат во периодот од 10 до 16 јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА