Фудбалерките на две контроли со Грузија

Женската репрезентација на Македонија денеска на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ и официјално ги стартуваше подготовките за двомечот против селекцијата на Грузија, натпревари што ќе бидат одиграни во Тбилиси.

Првиот натпревар против Грузија, избраничките на селекторот Кирил Изов ќе го одиграат на 25 февруари во 15. часот. Три дена подоцна овие две селекции ќе го одиграат и вториот меѓусебен контролен меч, со почеток во 15. часот.

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов за претстојните мечеви се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ:

Ведрана Комненова   Скопје

Кристина Павлоска   Шкендија

ОДБРАНА:

Ана Милчевска   Ланчкахути, Грузија

Сара Ефтинџиоска   Скопје 2014

Кристина Мојсоска   Асс Јунајтед

Едина Сулејмани   Асс Јунајтед

Елена Панеска   Каменица САСА

Катерина Петкова   Истатов 2015

Слаѓана Ѓорѓиева   Тиверија

СРЕДЕН РЕД:

Оливера Цоклеска   Асс Јунајтед

Радица Велкова   Каменица Саса

Хава Мустафа   Шкендија

Александра Марковска   Љуботен

Билјана Панеска   Тиверија

Икмете Лимани   Ввеинберг 76, Германија

Наташа Андонова   Леванте, Шпанија

НАПАД:

Јилза Максути   Асс Јунајтед

Веса Села   Асс Јунајтед

Кристина Петрушевска   Истатов 2015

Радица Чонева   Истатов 2015

Гентијана Рочи   Купс, Финска

Мила Панева   Скопје

Се вчитува...