Женскиот македонски фудбалски шампион, ЖФК Љуботен доживеа и втор убедлив пораз, овој пат од домаќинот Мура со 7-1 на квалификацискиот турнир за Лигата на Шампионите кој се игра во Мура, Словенија.
Љуботен загуби најпрво од кипарски Аполон до 9-0, а денеска во битката за третото место во квалификациската група доживеа пораз и од Мура, за последно место во групата која се играше во Словенија.
Единствениот гол за македонскиот состав го постигна Едите Силва во 23. минута, во тие моменти за намалување на предноста на Мура на 2-1. Но, до крајот домашните постигнаа уште пет гола за конечна победа од 7-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА