Фудбалерките на ЖФК Љуботен го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во денешното финале во Ѓорче Петров убедливо славеа против бранителот на титулата ЖФК Каменица Саса со 4-0.
За Љуботен ова е прв куп-трофеј, како дополнение на минатогодишната прва шампионска титула и во првенството.
Три од четирите денешни гола беа дело на Бразилките во редовите на Љуботен. Делгадо го отвори резултатот во 18. минута, Гоја две минути подоцна зголеми на 2-0, а Едите Силва во 51. минута веќе и дефинитивно означи кој ќе го освои трофејот. Последниот гол беше дело на Бојана Петкова за убедлив триумф и трофеј во најмасовното домашно клупско натпреварување.
Љуботен сезонава ќе се бори и за освојување на двојната круна. Фудбалерите на Љуботен во моментов се први во Првата лига со бод предност во однос на конкурентките, пред последните две кола во шмпионатот против Шкендија и против Каменица Саса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА