Фудбалерките на Венецуела го кренаа гласот: Поранешниот селектор сексуално не злоупотребуваше

Дваесет и четири членови на женската фудбалска репрезентација на Венецуела го оптужија поранешниот селектор Кенет Шеремет за сексуално вознемирување и го опишаа како право „чудовиште“.

Имено, фудбалерката Дејна Кастелано на социјалната мрежа Инстаграм објави соопштение потпишано од сите венецуаелски репрезентативки за физичка и психичка злоупотреба, како и сексулано вознемирување од страна на Зсеремета.

„Одлучивме да го прекинеме молкот и да ја откриеме вистинската слика за нашиот селектор кој во текот на својот мандат физички и психички ги малтретираше фудбалерките и сексуално ги злоупотребуваше… Претходната година една соиграчка ни призна дека Шеремет сексуално ја злоупотребувал кога имала само 14 години“, стои во соопштението.

Шеремет беше селектор на повеќе венецуелски селекции во периодот од 2008 до 2017 година, а медиумите во Венецуела известуваат дека тамошните влади започнале истрага против тренерот кој е роден во Панама.

Се вчитува...