Женската фудбалска репрезентација на Македонија го забележа и вториот пораз во Дивизијата Ц во Лигата на нации.
По воведниот пораз од Косово, нашите фудбалерки денеска беа поразени и од Летонија, овојпат на домашен терен со 1-2.
Гостинките поведоа со 0-1 со голот на Карлина Миксоне уште во 2. минута од натпреварот. До крајот на првиот дел нашите избранички израмнија на 1-1 преку Улза Максути во 31. минута. Конечните 1-2 ги постави Миксоне која со својот втор гол на мечот донесе голема победа за Летонија.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА