Женската фудбалска репрезентација на Македонија загуби во првиот контролен натпревар од двата кои ќе ги одигра против Русија во Струмица со 0-2.
Русинките поведоа со 0-1 со голот на Јуклјаева уште во 10. минута од мечот. Конечните 0-2 ги постави Залмиева во самиот финиш од натпреварот.
Вториот натпревар меѓу овие две репрезентации ќе се одигра за три дена исто така во Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

