Женската фудбалска репрезентација на Македонија не успеа да стигне до втората победа во Ц Лигата на Нации на УЕФА откако нашите најдобри фудбалерки не успеаја да триумфираат над Молдавија. Мечот се гираше на домашен терен во Скопје, „црвено-жолтите“ важеа за големи фаворитки, но таа улога не успеаја да ја потврдат на теренот.
Нашиот национален состав имаше повеќе од играта, но не успеа да ја круниса иницијативатасо гол во првото полувреме. На самиот дел од второто полувреме Македонија успеа да поведе преку Максути во 52. минута, но радоста траеше прекратко ако се знае дека Молдавките само три минути подоцна успеаја да стигнат до израмнување.
Македонските фудбалерки притискаа за втор гол и победа, во судиското продолжение имаа уште две шанси преку Салихи и Андонова, но не успеаја да ги реализираат и овој меч заврши со поделба на бодовите.
Квалификации за пласман на ЕП (жени) – Група 2 (Лига Ц);
Тренинг центар „Петар Милошевски” – Скопје
МАКЕДОНИЈА – МОЛДАВИЈА 1-1 (0-0)
Македонија: Берна Кабакчи, Ане Бошеска, Павлинка Николовска, Јилза Максути, Александра Марковска, Наташа Андонова, Елена Панеска, Ленче Андреевска, Симона Мајер, Ана Милчевска;
Резерви: Викторија Панчурова, Кристина Павлоска, Лора Сулејмани, Веса Села, Кристина Мојсоска, Хава Мустафа, Афродита Салихи, Радица Велкова, Едина Мехмеди, Христина Јошевска, Икмете Лимани, Елена Петровска
Селектор: Александар Андов
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА