Женската фудбалска репрезентација на Македонија го совлада Казахстан нагости со 0-3 во последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2021 година.
Во репрезентацијата за овој меч се вратија Наташа Андонова и Гентјана Рочи кои беа главните „виновнички“ за новиот убедлив триумф над Казахстан. Рочи со два гола на асистенции на Андонова во 11. и 34. минута донесе водство од 0-2, додека конечните 0-3 ги постави Елма Шемшовиќ во 37. минута.
Македонија евроквалификациите ги завршува на четвртото место на табелата во групата Г со две победи над Казахстан и шест порази од репрезентациите на Франција, Австрија и Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА