Фудбалерките со прв пораз во Лигата на нации: Немоќни пред Словенија (ФОТО)

Македонската женска репрезентација не успеа да ја запише и втората победа во Групата 2 од Ц-Лигата на нации на УЕФА. Во вториот натпревар на стартот на годинашното натпреварување, Македонија загуби убедливо во Скопје од Словенија со 0-5.

По претходната победа над Летонија во Рига, македонските фудбалерки и покрај максималната мотивација не успеаја да се спротистават на порасположените Словенки.

Гостинките, на денешниот дуел на тренинг центарот „Петар Милошевски“, победата ја најавија со голот на Корошец уште во 24. минута од средбата. Панчурова со автогол во 29. минута донесе и 0-2 за Словенија.

Во второто полувреме уште три гола на Словенките. Прашникар во 56. минута зголеми на 0-3, за 0-4 се погрижи Кајзба во 84. минута, а конечни 0-5 ги постави Колбл во 88. минута.

Словенија по оваа победа е на врвот од табелата со две победи по првите две кола, Македонија е втора со победа и пораз, а на последните две позиции се Летонија и Молдавија.

 

Се вчитува...