Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз (3-0) во првиот од двата контролни натпревари кои ќе ги одигра против репрезентацијата на Грузија кој се играше во главниот град на оваа земја Тбилиси.
Откако 50-тина минути мируваа мрежите Бебиа во 54. минута донесе водство за Грузија од 1-0. На 2-0 зголеми Чеминава во 62. минута, додека конечните 3-0 беа дело на истата фудбалерка во 83. минута.
Вториот натпревар Македонија и Грузија ќе го одиграат на 28. февруари во среда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА