Фудбалерките во голеада славеа над Летонија на стартот на Лигата на нации

Женската фудбалска репрезентација на Македонија со гостинска победа над Летонија во еден неверојатен меч (3-4) го отвори новото издание од Ц сегментот во Лигата на нации на УЕФА.

Летонките поведоа со 1-0 со голот на Миксоне во 7. минута. Следеше блиц-криг на нашите фудбалерки кои до крајот на првото полувреме успеаја да стигнат до предност од 1-3 со погодоците на Рочи и Андонова и автоголот на Рочане.

Домаќинките намалија на 2-3 преку Полуховица во 63. минута, а нова предност од два гола (2-4) за нашиот тим донесе Милчевска во 69. минута. До крајот Летонките успеаја само да го ублажат поразот (3-4) преку Миксоне во 76. минута.

На овој меч со победа дебитираше новиот селектор Александар Андов.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...