Голамнот Џиџи Донарума се здоби со бројни посекотини и повреди на лицето по голем инцидент на дербито меѓу Монако и ПСЖ откако противничкиот фудбалер Вилфред Синго со отворен ѓон налета на лицето на Италијанецот.
За немилиот инцидент сега му се извини, испрајќајќи порака на социјалните мрежи.
„Сакам искрено да му се извинам на Донарума. Мојот потег не беше намерен, но подоцна можев да видам дека се здоби со сериозна повреда. Ти посаквам брза рехабилитација“, напиша Синго.
Донарума ќе паузира од тренинзите во следните денови, а по деталните прегледи ќе биде утврдено точно колку ќе биде неговата рехабилитација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА