Остана без нога во авионот на Чапекоенсе, сега е поп ѕвезда во Бразил

Еден од фудбалерите кои ја преживеа авионската несреќа на бразилскиот клуб Чапекоенсе, Џексон Рагнар Фолман победи на музичко талент шоу во својата земја. Авионската несреќа која се случи во 2016 година кога малиот бразилски клуб тргна на пат кон Меделин каде требаше да игра во финалето на Копа судамерикана, второто по ранг натпреварување во Јужна Америка.

Само шестмина од патниците во авионот преживеаја, а меѓу нив е и Фолман, кој во ниту еден момент не ја изгубил мотивацијата за живот и покрај тоа што во авионската несреќа остана без својата десна нога. Тој сега е најголем амбасадор на клубот, а дека во животот не треба да постојат граници покажа со тоа што ја фасцинираше цела бразилска јавност со својот талент за пеење. Тој победи на бразилската верзија на талент-шоуто „Поп-стар ѕвезда“.

„Одам подалеку со една нога, отколку со две“, низ солзи изјави Фолман по победата. 

Тој пред неколку месеци за првпат во животот стана татко. Тој вели дека насмевката е спас за се во животот и дека секогаш мора да бидеш со ведар дух колку и да е животот по некогаш тежок.

Се вчитува...